TEHNOLOGIJA I ZNANOST

КВАТНОТО ЧУДОВИШТЕ И ОРВЕЛОВАТА ФАРМА

Автор: Ѓоре Андреев

Matrix World

Сведоци сме дека секојденвно во пракса повеќе од било кога се потврдува позната латинска изрека “INFORMATIO POTNEZIO EST“ – ИНФОРМАЦИЈАТА Е МОЌ.

Секој еден од нас како индивидуа е „бомбардиран“со информации за временска прогноза, за воени судири ширум светот, киднапирања, убиства, цена на акции, берзански движења …… секаков вид на потребни и непотребни податоци, за чија селекција само, потребно е огромна количина на енергија и време.

Кој прв ќе дојде до релевантна информација е во огромна предност пред соперникот.

Неодминлив дел од ова наше информатичко секојдневие е персоналниот сметач и сите негови итерации како таблети, смартфони и сл.

Неспорно дека  информатичките средства и компјутерски системи, и нивната употреба во сите сфери, придонесе за поквалитетен живот на секој од нас, но мора да се спомене и дека оваа интегрираност на компјутерите во секојдневниот живот има и темна страна.

1 2050

Што ако некој со доволно ресурси и технички средства посака да оствари целосна контрола над економските и политичките движења во светот?

Што ако некој со доволно ресурси и технички средства посака да оствари целосна контрола над економските и политичките движења во светот, да дојде до релевантни информации со кои потоа ќе може да врши разни манипулации во своја корист, едноставно да реши да дознае се за било кој од нас?

Што ќе се случи со нашата приватност?

Имено сета оваа компјутерска моќ поентирана кон еден тастер и еден прст над него, во комбинација со шовековата природа ,подразбира дека нема да постои ниту една банкарска сметка, е-маил лозинка или нешто слично кое нема да биде експресно пробиено.

Pазузнавачки аналитичар Едвард Сноуден.

Pазузнавачки аналитичар Едвард Сноуден.

Потврди за ова  имаме многу. Една од последните е онаа со американскиот разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден, кој јавно истапи со исказот дека скоро сите видови комуникации се под надзор и мониторинг на моќната НСА.

За навремено да се обработи целиот овој прилив на информации кој би бил обезбеден од една олку голема шпионска операција од глобален карактер потребно е да се направи порадикален исчекор во компјутерскиот инженеринг.

Во прилог на сите ова одат и последните вести за производство на функционален квантен компјутер.

Иако за сега не дава некои спектакуларни резултати, сепак прашање на време е кога овие квантни машини ќе го достигнат својот полн потенцијал.

Во продолжение да видиме накратко како функционира еден квантен компјутер.

Научниците одамна почнале да експериментираат со платформи кои се базираат на кјубити (qubit, квантни битови) наместо на бинарни броеви.

Кјубитите се основа на квантните компјутери.

Кјубитите се основа на квантните компјутери.

Кјубитите се основа на квантните компјутери, кои не се ограничени на две состојби и ја кодираат информацијата во квантни битови кои се способни да постојат вот.н суперпозиција. Кјубитите може да бидат атоми, јони, електрони или фотони, а контролните уреди кои манипулираат со нив можат да се групираат и да работат како денешните мемории, процесори и сл.

Способноста на  квантниот компјутер да може да биде во сите овие состојби истовремено, му дава потенцијал да биде неколку милиони пати помоќен од денешните суперкомпјутери.

Квантните компјутери како основа за обработка на податоците користат еден квантен механички феномен т.н квантна суперпозиција. Тие  ќе бидат во состојба да решаваат проблеми многу побрзо и поефикасно од денешните компјутери базирани на транзистори.

Кјубитите во квантните компјутери се контролираат од страна на неколку уреди:

  • Јонски замки – со употреба на оптички или магнетни полиња или комбинација од двете
  • Оптички замки – употреба на светлосни бранови за контрола на честичките
  • Квантни точки – направени се од полупроводнички материјали кои се користат за контрола на честичките
  • Суперспроводливи кола

Способноста на кјубитите за суперпозиционирање им ја дава на квантните компјутери способноста за  т.н паралелизам, односно паралелно извршување на повеќе операции.

Паралелизмот му овозможува на квантниот компјутер да работи на милиони операции истовремено, за разлика од денешните компјутери кои во еден даден момент може да работат само на една операција. На пример, еден 30 кјубитен квантен компјутер ќе има процесирачка моќ како конвенционален компјутер кој работи на 10 терафлопи. Колку за споредба да кажеме дека процесирачката моќ на  просечен десктоп денес се мери во гигафлопи.  (1 терафлоп = 1000 гигафлопи)

Квантните компјутери исто така искористуваат уште една појава позната во квантната механика, а тоа е т.н испреплетување или децентрирање. Тоа е појава која е добро позната во квантната физика и при која доколку на два атома се дејствува истовремено со иста надворешна сила тие меѓусебно ќе се испреплетат при што вториот атом ќе ги земе својствата на првиот. Ова може да предизвика неконтролирано движење на атомите во сите правци. Оваа појава се користи при решавање на еден од главните проблеми на квантните компјутери а тоа е случајната промена на состојбата на честичката на субатомско ниво.

За да успеат да направат функционален квантен компјутер, научниците треба да најдат начин за т.н инидректно правење на пресметки со цел да се зачува интегритетот на системот.

За да успеат да направат функционален квантен компјутер, научниците треба да најдат начин за т.н инидректно правење на пресметки со цел да се зачува интегритетот на системот.

За да успеат да направат функционален квантен компјутер, научниците треба да најдат начин за т.н инидректно правење на пресметки со цел да се зачува интегритетот на системот. Кога ќе се совлада ова, атомите нема да се движат неконтролирано, туку кога едниот атом ќе биде возбуден ќе направи спин во една насока (ќе добие една вредност), додека истовремено другиот атом ќе направи спин во спротивна насока (ќе ја земе спротивната вредност).

Ова им дава можност да се знае вредноста на двата кјубита без воопшто да се провери и погледне нивната состојба.

Далеку поголемата  моќ на квантното процесирање може да се види преку неговата примена во криптографијата. Доколку направиме споредба помеѓу начините на криптирање кои ќе станат реалност со квантното процесирање и денешните, лесно ќе  дојдеме до заклучок дека денешното криптирање е на ниво на собирање на едноцифрени броеви во споредба со криптирањето базирано на кјубити.

Квантните компјутери за само дел од секундата ќе може да пребараат огромна база на податоци за која на денешен компјутер би му требале денови.

Со конвенционалните компјутерски системи потребно беше многу време и ресурси да обработите толкав прилив на информации колку што несомнено НСА генерирала  од своите мониотинг активности, така што додека тоа море со податоци се извлечело нешто релевантно, многу е веројатно дека актуелноста на информацијата веќе е на ниско ниво.

Тука стапуваат на сцена квантните компјутери.

Огромниот прилив на информации од камерите за надзор поставенни на секој агол и раскрсница, нашата интернет активност, телефонските разговори, социјалните мрежи и сл., би се слевале во еден центар каде би се вршела нивна обработка.

Огромниот прилив на информации од камерите за надзор поставенни на секој агол и раскрсница, нашата интернет активност, телефонските разговори, социјалните мрежи и сл., би се слевале во еден центар каде би се вршела нивна обработка.

Огромниот прилив на информации од камерите за надзор поставенни на секој агол и раскрсница, нашата интернет активност, телефонските разговори, социјалните мрежи и сл., би се слевале во еден центар каде би се вршела нивна обработка.

Доволно ќе биде само да се испише името и презимето на некоја личност и градот во кој живее за целиот живот на таа индивидуа да излезе на компјутерскиот екран заедно со последните активности на социјалните мрежи, последните телефонски разговори,навики, пријатели итн. Брзата обработка на податоците со цел задржување на актуелноста, ќе биде обезбедена со помош на квантните компјутери.

Едно е јасно. Кој прв ќе дојде до функционален квантен компјутер ќе биде во голема предност пред сите останати, а безброј досега во историјата на човештвото се покажало дека не е добро кога не постои рамнотежа на силите.

И уште нешто. Дали квантните машини ќе и дадат ветер во грб на току споменуваната и најавувана вештачка инлегинција?

Останува да видиме.

Ostali tekstovi sa sličnom tematikom:

Hoćemo li uskoro imati operabilne kvantne kompjutere?

Amerikanci imaju operabilni kvantni Internet!

Dva dijamanta povezana čudnim kvantnim uplitanjem