TEHNOLOGIJA I ZNANOST

H.A.A.R.P

Автор: Ѓоре Андреев

Matrix World

Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата дека поседуваме знаење – Stephen Hawking.

Во последните неколку недели главна тема на дискусија беа поплавите кои го зафатија регионот. Од Хрватска, преку Босна, па до Србија, изгубени човечки животи, уништени посеви, уништени семејни бизниси и мали стопанства,  предизвикана е огромна материјална штета и последици кои допрва треба да се утврдуваат.

Како во многу случаи досега почнаа да кружат различни теории дека системот HAARP е виновникот, дека „Господ“ го казнува човештвото, дека во заднина на сето ова стојат некои мрачни сили за кои и самите заговорници не знаат кои се и што се.

1 pijavica orebić 3 13072014

Како во многу случаи досега почнаа да кружат различни теории дека системот HAARP е виновникот, дека „Господ“ го казнува човештвото, дека во заднина на сето ова стојат некои мрачни сили за кои и самите заговорници не знаат кои се и што се.

Од сите овие теории најекспонирана е теоријата дека системот HAARP е виновникот за настанатата ситуација. Во овој текст, користејќи јавно достапни податоци и информации ќе се обидеме да објасниме што е HAARP, како функционира, неговата намена, и имајќи го во предвид сето тоа ќе се обидеме да извлечеме заклучоци дали сатанизирањето на HAARP има основа или е само тоа, обично и неосновано сатанизирање засновано на незнаење.

High Frequency Active Auroral Research Program (активен високо фрекфентен систем за истражување на јоносферата), или скратено HAARP, е систем развиен од Американската морнарица, универзитетот на Алјаска и добро познатата DARPA ( Defense Advanced Research Projects Agency).  Играден е од страна на  BAEAT, со цел истражување и утврдување на потенцијалот на јоносферата како медиум, за развој на напредни системи за радиокомуникации и надгледување. Неговата изградба е започната во 1993 година, а комплетиран е во 2007 година. Најекспонирана компонента од системот е IRI (Ionospheric Research Instrument – инструмент за истражување на јоносферата). Во основа тоа е екстремно моќен високофрекфентен радио предавател.

High Frequency Active Auroral Research Program (активен високо фрекфентен систем за истражување на јоносферата), или скратено HAARP, е систем развиен од Американската морнарица, универзитетот на Алјаска и добро познатата DARPA.

High Frequency Active Auroral Research Program (активен високо фрекфентен систем за истражување на јоносферата), или скратено HAARP, е систем развиен од Американската морнарица, универзитетот на Алјаска и добро познатата DARPA.

Овој предавател го прави HAARP убедливо најмоќен греач на јоносферата со моќ доволно голема да загрее подрачје од 1000 квадратни километри на температура од околу 28000 степени целзиусови. Ова загревање се постигнува со емитување на фокусиран електромагнетен сноп во повисоките слоеви на јоносферата со огромна моќност од 1.000.000.000 W (1 гигават). На овој начин конципираната процедура има за цел, користејќи ги својствата на јоносферата за одбивање на електромагнетните (во понатамошниот текст ЕМ)  бранови, враќање на претходно емитуваниот ЕМ сноп на земјата, но сега како нискофрекфентно зрачење со цел комуникација со подморниците на поголеми длабочини и подземно скенирање на претходно одредена територија (подолу во текстот ќе објасниме како е тоа можно).

Некои истражувачи и научници веќе имаат предупредено на опасностите негативните влијанија кои ги носат со себе овие акции, од можна интереференција на емитување на фокусирана ЕМ енергија со толкава магнитуда со ЕМ полето на планетата, па до влијанието на истото врз живиот свет.

Да видиме накратко што преставува јоносферата и зошто и на кој начин може да се манипулира со неа.

Atmosferski slojevi.

Јоносферата можеме да ја опишеме како еден вид земјина школка составена од електрони, наелектризирани атоми и молекули

Јоносферата  можеме да ја опишеме како еден вид земјина школка составена од електрони, наелектризирани атоми и молекули. Се протега на височина до  околу 1000км. Овој слој околу земјата настанува како резултат на ултравиолетовото зрачење кое доаѓа од сонцето. Јоносферата е повеќеслојна и е составена од:

  • Тропосфера – се протега од површината на земјата до 10км височина
  • Стратосфера – слој во кој под дејство на соларната радијација се создава озонот
  • Мезосфера
  • Термосфера – на височини над осумдесетиот (80) километар, слој каде атомите како такви може да опстојат многу краток период пред да бидат привлечени и асимилирани од во овој слој преовладувачките позитивно наелектризирани јони, познати  како катјони.

Термосферата е првата висинска точка која е интересна за нас од аспект на пропагацијата на радио брановите (ЕМ бранови). Според погоре напишаното можеме да заклучиме дека јоносферата и нејзините својства директно зависат од сончевата радијација.

Од аспект на пропагацијата на ЕМ брановите и нивната апсорпција и рефлексија, јоносферата може да се подели на дополнителни 4 слоеви:

  • F слојот кој се појавува само во ноќните часови и дополнително се дели на два подслоја F1 I F2. Слојот F2 е исклучок и се јавува и при дневна светлина.
  • D слојот на височина од 50 до 90км
  • Е слојот на височина од 90 до 120км
  • Еs слојот на височина од

Секој од овие слоеви има различно влијание врз различни фрекфенции. ЕМ брановите со некоја бранова должина еден слој ги апсорбира, друг може да ги рефлектира додека трет може да ги пропушти.

Се поставува прашањето: дали со јоносферата може да се манипулира?

Одговорот е недвосмислен ДА! По него природно следи и прашањето како? Имајќи го во предвид фактот дека јоносферата зависи од сончевата радијација и различните други космички зрачења, кои не се ништо друго туку ЕМ зрачење со одредена фрекфенција и интензитет, одговорот е повеќе од јасен.

За да бидат работите малку појасни да објасниме накратко и неколку работи за својствата на ЕМ брановите.

Висината на фрекфенцијата и должината на ЕМ бранови се обратнопропорционални, т.е колку е фрекфенцијата повисока толку е брановата должина пократка и обратно. Кратките ЕМ бранови се носители на информацијата при високи фрекфенции. Бидејќи имаат мала должина значи дека во дадено време осцилираат повеќе пати, при што со секоја со осцилација доаѓаат во контакт со некоја препрека која им стои на патот при што губат дел од енергијата. Но за сметка на тоа се далеку попродорни од долгите ЕМ бранови и под соодветни услови можат да ја прбијат јоносферата и да продолжат во вселената.

Кратките ЕМ бранови пак, се носители на информација при пониски фрекфенции. Осцилираат мал број на пати во даден временски период, што значи дека поради својата амплитуда и должина се способни да преминуваат преку големи препреки како што се планини, големи објекти направeни од човекот и слично. За оние што ги интересира, формулата за пресметување на бранова должина , λ е бранова должина, v e брзина на светлината и f е зададена фрекфенција.

Сега да се навратиме погоре во текстот каде споменавме дека системот H.A.A.R.P е наменет за набљудување и одржување радио врски со подморници на поголеми длабочини. За да се оствари комуникација со подморници и за да се скенира под земја на одредени подрачја потребно е ЕМ зрачењето да биде со ниска фрекфенција (долги бранови) со цел да се овозможи пенетрација на истите во првиот случај под вода, а во вториот случај под земја.

Тука би го поставил прашањето:  Од каде би дошле тие нискофрекфентни бранови кога знаеме дека антените на H.A.A.R.P емитуваат високофрекфентно зрачење? Јоносферата не е способна да изврши конверзија на високи во ниски фрекфенции, таа, едноставно може да го апсорбира зрачењето, да го рефлектира или да го пропушти.

Во било кој од овие случаи фрекфенцијата, а со тоа и брановата должина останува иста. Дали системот H.A.A.R.P е остварување на замислите на Никола Тесла за безжичен пренос на енергија? Доколку во почетната точка  ЕМ радијацијата е со висока фрекфенција не е можна нејзина конверзија во ниско фрекфентна ЕМ радијација  без посредство на некој тип на конвертор. Доколку таков конвертор постои би требало да биде сместен некаде во високите слоеви на јоносферата, бидејќи ако се наоѓа над неа не би можел да ја врати назад на земјата енергијата со ниска фрекфенција, бидејќи нискофрекфентното ЕМ зрачење не може да пенетрира низ јоносферата.

Oblak plazme stvoren s HAARP tehnologijom.

Овој конвертор би требало да го прифати високофрекфентното ЕМ зрачење кое носи одредена количина на енергија.

Овој конвертор би требало да го прифати високофрекфентното ЕМ зрачење кое носи одредена количина на енергија и со помош на своите осцилаторни кола да го трансформира во нискофрекфентно ЕМ зрачење, кое исто така поседува одредена количина на енергија. Мислам дека токму во одговорот на ова прашање се наоѓа решението на соборување на теориите на заговор или нивно делумно или целосно потврдување.

Што се однесува до начинот на кој би била постигната толкава прецизност за да биде погодена одредена точка, би рекол дека тоа е најлесниот дел.  Имено, секоја антена, зависно од видот, емитува ЕМ зрачење под различен агол. Пресметката во која точка ќе се рефлектира тоа зрачење и во која точка на земјата ќе заврши се извршува со помош на формулата c = sqrt(a*a+b*b-2*a*b*cos(ab))

На пример: Замислете еден разностран триаголник. Ако антената се наоѓа во аголот кој лежи во темето А и емитува ЕМ зрачење во дијапазон од 20 до 30 степени. Во зависност од периодот на денот, временските услови, сончевата активност и местоположбата може да се определи на која височина ќе се рефлектира емитуваниот ЕМ сноп, што во нашиот случај би било темето C. ЕМ брановите се рефлектираат од јоносферата под истиот агол под кој влегуваат, во нашиот случај во дијапазон од 20 до 30 степени. Знаејќи го сето ова лесно се пресметува која ќе биде крајната точка на удар на ЕМ зрачењето. Согласно ова, можеме да заклучиме дека големината на влезниот агол на ЕМ зрачењето во јоносферата е правопрорционална со крајната далечина  која ќе ја достигнат радио брановите.

Има многу индиции дека системот H.A.A.R.P е нешто повеќе од обичен комуникациски систем. Би рекол дека ова тврдење е во најмала рака и смешно. Но исто така за нерелевантно го сметам и тврдењето дека системот H.A.A.R.P  е одговорен за сите овие природни непогоди. Дали може да ги предизвика? Веројатно може. Дали ги предизвикал?

Многу малку веројатно, бидејќи систем како овој, јас  би рекол дека според перформансите кои ги поседува повеќе личи на систем за безжичен пренос на енергија, имаат и Русите, Кинезите и можеби уште некоја друга нација.

Евентуални манипулации со сегменти од метеоролошките шеми и планетарниот екосистем  не може да немаат свој импакт врз целиот систем. Сето тоа е екстремно сложена и обемна материја чија сложеност, комплексност и меѓусебна зависност до ден денеска не е целосно откриена.

Драги читатели, добро прочитајте го текстот, проанализирајте го, и потоа земајќи го во предвид погоре напишаното, Ве охрабрувам сами да барате информации какво влијание имаат ЕМ зрачењата на различни фрекфенции врз метеоролошките шеми, температурата на воздухот, човековото здравје и сл.