Tekstovi na makedonskom jeziku

БЕЗЖИЧЕН ПРЕНОС НА ЕНЕРГИЈА – Теслината кула клуч за иднината

Автор: Ѓоре Андреев

Matrix World

“Ако природата е голема мачка, тогаш кој ја влече за опашката?„ – Никола Тесла

Наједностаниот, најкраткиот и најпрецизниот опис на Никола Тесла би гласел: Човекот кој ја измисли денешницата и го трасира патот кон иднината. Можеме да употребиме безброј зборови, да потрошиме многу простор и пак не би можеле да го опишеме генијот на овој човек, значењето на неговата истражувачка работа за денешнава цивилизација и уште повеќе, значењето за иднината.

Каде и да се завртиме околу нас гледаме споменици на неговата работа: Радио, столбови за пренос на електрична енергија, централи за производство на истата, електрични апарати од секаков вид, и уште многу други нешта без кои нашите животи какви што денес ги живееме и технолошката цивилизација воопшто, би биле незамисливи.

1nikola-glavna

Во овој текст нема да се занимаваме со неговата истражувачка работа, бидејќи темата би била преширока, туку ќе обрнеме посебно внимание на само еден негов проект кој доколку го направел достапен за широка употреба би решил многу енергетски проблеми кои не мачат денес, но и проект кој го има потенцијалот од корен да ја промени распределбата на моќ и геополитичката карта на светот кави што ние ги познаваме.

Безжичниот пренос на енергија низ целиот свет е сеуште неостварен сон. Но, не било така и за Никола Тесла. За да докаже дека овој концепт не е само утопија, Тесла ја започнал изградбата на т.н Ворденклиф кула.

Оваа кула требало на светот  да му го демонстрира новиот концепт кој требало да ја однесе планетава во иднина без загадување, без енергетска зависност и без војни за ресурси.

Изградбата на кулата била започната во 1901 година со финансиска поддршка од тогаш познатиот бизнисмен James S. Warden, со цел унапредување  на трансатлантските  телефонски и секаков друг тип на безжични комуникации. Поради сето ова, овој проект бил доста популарен помеѓу тогашните индустријалци. Она што Тесла не им го кажал е тоа дека истовремено, кулата требало да послужи и за истражување на концептите за безжичен  пренос на енергија.

Како ова би функционирало?

Да се обидеме накратко да објасниме.

Теоретски, Тесла веќе докажал дека во електромагнетното поле помеѓу две метални плочи постои енергетски тек кој започнува од едната плоча и завршува кај другата. Иницијалниот дизајн на овој проект многу се разликувал од принципите врз кои се изработуваат денешните радио станици. Денес, главниот акцент се става на максимизирање на излезната моќност на антената на предавателот, додека Тесла ги конфигурирал предавателите спротивно на ова – стремел кон минимизирање на излезната моќност. Со цел да го канализира текот на енергија, во базата на кулата сместил радијална структура направена од метални цевки. Според неговите истражувања при преклопување на нискофрекфентен сигнал со сигнал на повисока фрекфенција, се индуцира електричен набој кој се канализира и потоа се  ослободува преку оваа радијална структура.

Shematika Teslinog tornja za bežični prijenos energije u Wardenclyffu.

Shematika Teslinog tornja za bežični prijenos energije u Wardenclyffu.

Со други зборови кажано, секое количество енергија емитувано во просторот со почетна точка во некој предавател, може да биде детектирано и пресретнато од соодветен приемник поставен на иста фрекфенција без употреба на кабли (концептот на радиото). Двата предаватели сместени во земјата на одредена далечина се тие кои воспоставувањето на комуникацискиот канал го правеле возможно. Тесла имал намера преку повеќе кули позиционирани на различни точки низ целата планета да обезбеди вмрежување на целиот свет.

Се поставува едно клучно прашање: Кој или што би било носител на таа енергија низ гореспоменатиот комуникациски канал? Следува одговорот СКАЛАРНИТЕ БРАНОВИ. За да биде се малку појасно, да ја објасниме накратко природата на овие бранови.

Има индиции дека Тесла некако успеал да ги интегрира гравитациското и високофрекфентното електромагнетно поле. Сето ова успеал и делумно експериментално да го провери и докаже генерирајќи насочен скаларен бран, кој во својата суштина претставува сложен лонгитудинално – транцверзален нехерцов бран со, најблаго кажано, чудесни својства.

Elektromagnetske forme valova, obratite pažnju na  razliku od standarnih tumačenja, naspram Teslinih tumačenja iste teme.

Elektromagnetske forme valova, obratite pažnju na razliku od standarnih tumačenja, naspram Teslinih tumačenja iste teme.

Скаларните бранови се еден комплетно нов ентитет во хипердимензионалната физика, кој во голема мера ги надминува ограничените и би се осудил да кажам, ултра ортодоксни сфаќања присутни во класичната физика.

Мора да нагласам дека, овие скаларни бранови не се ништо мистично и неприродно, напротив, тие се само уште една природна појава, но со малку поинакви својства и  карактеристики од се она на што досега сме навикнале.

Сега логички, се поставува прашањето која е разликата помеѓу Херцовите и скаларните бранови? Наједноставно кажано, кај Херцовите бранови електричното и магнетното поле вибрираат трансверзално во насоката на ширење на бранот, додека пак кај скаларниот бран електричното поле вибрира лонгитудинално, додека магнетното поле вибрира трансверзално во насоката на ширење на бранот.

По начинот на пропагација (ширење), скаларните бранови суштински се разликуваат од Херцовите  како и од гравитациските бранови, кои патем кажано, се карактеризираат со доста висок степен на дисипација.

Дека скаларните бранови веќе одамна нашле своја примена (каде ако не во воениот комплекс), доказ е договорот за ограничување во вооружувањето (SALT) постигнат помеѓу тогашен СССР и САД во 1975 година, каде јасно и недвосмислено  стои дека треба да се ограничи понатамошниот развој на оружја чија разорна моќ човекот не може ниту да ја замисли. На маргините на состаноците на кои биле договарани поединостите на договорот, доста често можеле да се слушнат поими како Теслин штит, склаларен бран и сл.

Pojednostavljena shematika Teslinog bežičnog prijenosa energije.

Pojednostavljena shematika Teslinog bežičnog prijenosa energije.

Сега, може да си го поставиме едно од поважните прашања. Од каде би се црпеле тие огромни количини на енергија за да се задоволат потребите на целиот свет? Доколку сега Тесла беше жив и му го поставевме ова прашање одговорот ќе беше едноставен и брз  – од јоносферата. Овој свој концепт го објаснувал на следниов начин: замислете електромотор. Истиот е составен од подвижен дел или ротор, и неподвижен дел или статор. Овој концепт само треба да го пресликаме на поголем модел. Знаеме дека планетата Земја ротира околу својата оска со доста голема брзина и во нашиов случај го преставува роторот, а јоносферата не го следи нејзинотот движење и е статична во однос на земјата, па според тоа во нашиов случај е статорот. Според неговите пресметки, при оваа интеракција на планетата и јоносферата се јавува огромна разлика во електричните потенцијали која изнесува околу 2.000.000.000  волти. Да, добро прочитавте, цели  две милијарди волти електричен потенцијал кој се создава во секоја секунда. Ова практично значи дека изворот е непресушен, бидејќи се додека земјата се врти и постои јоносферата ќе се  јавува разлика во потенцијалите која ќе создава огромни количини енергија.

Ruski znanstvenici koji žele stvoriti Teslin toranj za bežični prijenos energije.

Ruski znanstvenici koji žele stvoriti Teslin toranj za bežični prijenos energije.

Изминатиов период на интернет можевме да видиме иницијатива на двајца Руски физичари Сергеј Плеканов и Леонид Плеканов за собирање на финансиски средства за изградба на Теслина кула со цел обновување на проектот на генијот за безжичен пренос на електрична енергија. Според последните информации, средствата се собрани и наскоро треба да почне изградбата на кулата.

Имајќи ја предвид денешната политичка и економска карта на светот, чувствувам дека морам да изразам една голема доза на скепса, и тоа не во врска со тоа дали овие двајца научници се способни да изведат еден таков грандиозен проект како што е овој, туку за тоа дали одредени корпоративни кругови и енергетски лоби групи, ќе им дозволат  успешно да го заокружат.

Да направиме една кратка анализа. Кој би имал интерес овој проект да успее, а кој истиот да пропадне и зошто?

Од економски аспект гледано, интерес овој проект да пропадне, секако би имале компаниите кои се занимаваат со производство на електрични проводници како што се разни типови на кабли и столбови за пренос на ел. Енергија бидејќи преносот на енергијата би бил безжичен со користење на етерот како медиум, производителите на изолатори и  трансформатори би биле исфрлени од игра, бидејќи потребата за истите би била сведена на минимум или воопшто не би биле потребни, особено трансформаторите, затоа што за разлика од Херцовите, скаларните бранови, кои во овој случај би биле искористени како носители, не го губат интензитетот и јакоста со зголемување на далечината. Потоа производителите на разни типови на агрегати за производство на електрична енергија, како  и голем број други.

Ruski prototip Telsinog tornja za bežični prijenos energije, napravljen isključivo Teskinim patentima.

Ruski prototip Telsinog tornja za bežični prijenos energije, napravljen isključivo Teskinim patentima.

Од геополитички аспект гледано како една од најголемите пречки на овој проект, ако не и најголемата сигурно е спрегата помеѓу владеачките структури и челните луѓе на мултинационалните корпорации во  најмоќните светски држави како што се САД, Русија, Кина, Германија, и компании како general electric, siemens,AEG, Руската државна компанија за транспорт на гас и нафта, shell oil, standard oil, british petroleum и други.

Во овој брак од интерес владите и корпорациите се влезени од навидум различни интереси. Владите, водени од интересот за политичка моќ и превласт, во голема мера ја користат достапноста односно недостапноста на енергенсите како алатка за уценување на “непослушните’ влади, политичари, па и цели народи. Имајќи ја предвид важноста на енергенсите за современиот начин на живот, на тој начин под контрола држат цели држави и народи.

Корпорациите пак, главно се водени од финансискиот интерес и од можноста за максимизирање на профитот.

Во последно време, овие интереси се повеќе се испреплетуваат, така што сведоци сме дека се повеќе членови на владеачките елити во споменатите држави доаѓаат од редовите на високите корпоративни кругови, така што се поставува прашањето дали светските политички и економски текови ги диктираат владите или корпопрациите, но  за тоа повеќе во некоја друга прилика. Остварувањето на оваа идеја, повеќе од сигурно ќе предизвика колапс на овој систем и  создавање на ситем и поредок по мера на човекот.

Да се позанимаваме малку со технолошкиот аспект на темата.

Согласно огромната енергетска зависност на денешниот свет, постигнувањето на целосна функционалност на безжичен пренос на енергија според принципите на Тесла, за човековата цивилизација би имало импакт, слободно можам да кажам, поголем од оној кој го имал отритието на тркалото.

Замислете само, на секоја станбен објект би имало само една мала антена преку која би се примала енергијата и потоа преку соодветна инсталација би била пренесувана низ целиот дом, автомобили на електричен погон, цели индустриски комплекси кои како енергенс ќе ја користат оваа енергија, загадувањето предизвикано од фосилните горива ќе биде минато што по автоматизам значи чист воздух и здрава животна средина за сите. Сиромаштијата и гладот би биле целосно искоренети бидејќи ќе има доволно енергија за призводство на храна и одгледување на посевите на било која точка на земјината топка, заканата од нуклеарен холокауст би била минато бидејќи нема да има потреба од постоење на нуклеарни централи.  Што се однесува до телекомуникациите, со оваа технологија тие би доживеале квантен скок. Замислете само, во еден енергетски сноп добивате енергија за домаќинството, интернет, телевизија, радио. Тој сноп од антената би бил спроведен во некој уред сличен на денешниот мултиплексер кој би вршел демодулација на различните типови на сигнали, и би ги дитрибуирал до секој апарат во домот соодветно.

Енергијата на скаларните бранови е правопропорционална со изминатото растојание, што значи дека кај нив не постои дисипација.

Ајде малку да екстраполираме .Овие бранови се т.н главен транспортер на енергија во природата и се карактеризираат со постојано забрзување, што практично значи дека имаат неограничена брзина доколку не се судрат со некоја природна или вештачка препрека која би можела да ги запре или да го забави нивното движење. Токму во оваа нивна карактеристика се гледа и потенцијалот кој тие го имаат да бидат искористени и како погон за разни типови и на вселенски летала. Бидејќи се дел од природата, тие се наоѓаат насекаде, па и во вселената и затоа уште се наречени и стоечки бранови. Под вистински услови и со соодветна технологија, може да се индуцира нивна појава, па според тоа, вселенското летало на скаларен погон би требало само да има инсталирано некој тип на индуктор на скаларни бранови и теоретски би можемо да се движи бесконечно долго и никогаш да не остане без гориво. Базите на месечината и другите небески тела и планети би биле реалност, бидејќи на истиот начин, без проблем би можело да бидат снабдувани со енергија.

Да продолжиме понатаму. Постојат повеќе ентитети во природата кои свесно или несвесно можат да ги детектираат овие бранови. Според Тесла, меѓу нив е и човекот. Да, добро прочитавте, Човекот.

Имено, Тесла изјавил дека човечкиот мозок е природен примопредавател на скаларни бранови. Дали тука може да го бараме клучот за демистификација на феномените како што се телепортација, телекинеза, видовитост…?

Од досега напишаното, може да дојдеме до заклучок дека со конципирањето и примената  на оваа технологија, човековото физичко и духовно постоење би биле во  целосна хармонија со природата, што во превод значи комплетна физичка и духовна слобода. Којзнае кои хоризонти ќе му  се отворат на човештвото кога би било во оваа состојба: свет без војни, свет без глад и болести, без сегрегација на расна и национална основа, состојба на умот која ќе ни овозможи осознавање на нашето место во природата и целата вселена воопшто,  меѓу сите оние цивилизации кои несомнено постојат во бескрајниот универзум.

Во име на уредниците на MW, и во име на сите читатели им порачувам на  двајцата физичари да издржат, а на сите добронамерни и генијални умови во светот да се обединат во остварувањето на оваа цел, бидејќи само така човековата иднина е сигурна и обезбедена.

Како што Никола Тесла рекол:

Сегашноста им припаѓа нив, но иднината за која работам ми припаѓа мене. Јас би рекол дека сегашноста им припаѓа нив, но треба да се избориме сите заедно за иднината да ни припадне на сите нас, слободоумните луѓе.