Tekstovi na makedonskom jeziku

Паралелнни универзуми – квантната механика на дело

Автор: Ѓоре Андреев

Matrix World

Квантната физика е млада научна дисциплина која се занимава со изушување на меѓусебниот однос на материјата и енергијата на молекуларно и атомско ниво.  Нејзините почетоци датираат од раниот дваесетти век, кога при изведување на одредени експерименти е утврдено дека одредени физички закони кои важат на макро ниво, не важат на микро ниво. 

Главната честичка носител во квантниот свет, се нарекува квант. Квант е латински израз, и во буквален превод значи „колку“. Се однесува на дискретни (многу мали, невидливи), единици на метрија и енергија чие постоење е предвидено и проучувано од страна на квантната физика. Од овој аспект на набљудување, дури и просторно временскиот континуум има екстремно мала вредност.

Теоретските постулати на квантната физика ги поставил Макс Планк.

Теоретските постулати на квантната физика ги поставил Макс Планк.

Теоретските постулати на квантната физика ги поставил Макс Планк, а најистакнат научник кој од самите почетоци се занимавал со изучување на оваа научна гранка е Нилс Бор, додека пак најголемиот оспорувач на оваа квантна теорија бил кој друг ако не Алберт Ајнштајн, од проста причина што неговата теорија на релативноста не предвидува можност една иста материја да биде во состојба  истовремено да биде на две различни места. Главен проблем во квантната механика е тоа што дури и самото набљудување на квантот влијание на неговата физичка состојба.

Замислете еден свет каде што диносаурусите не се изумрени, каде Германија ја добила втората светска војна, и каде што секој од нас е роден во некоја друга држава. Сите овие светови може да постојат истовремено во паралелните универзуми, кои според одредени Американски и Австралиски научници, се во постојана меѓусебна интеракција. Тимот научници од калифорнискиот универзитет „Грифитс“ излегоа со теза дека овие паралелни светови не егзистираат и не еволуираат независно еден од друг туку постојано влијаат еден врз друг.

Професорот Вајсман (Wiseman), и неговите колеги тврдат дека универзумот во кој егзистираме е само еден од големиот број на светови, од кои некои с потполно идентични а некои дијаметрално спротивни.

Сите овие светови се еднаво реални и секој од нив поседува сопстевни карактеристики. Квантната механика е доста чуден и тешко разбирлив феномен кој пркоси на познатите закони на акција и реакција. Според оваа теорија, секогаш кога во некој универзум ќе биде извршено квантно мерење тој универзум се разгранува на повеќе паралени универзуми.

Teorija o paralelnim univerzumi sve više zauzimaju mjesta u znanstvenim istraživanjima?

Постоењето на паралелни светови не е нова идеја во квантната механика, која е една од најсеопфатните теории на сиите времиња.

Постоењето на паралелни светови не е нова идеја во квантната механика, која е една од најсеопфатните теории на сиите времиња. Постојат многу причини поради кој оваа теорија вреди да биде разгледана, од кои како најистакнните би издвоил две.

Првата е тоа што оваа теорија не е многу применлива и видлива во нашето секојдневие. Се базира на т.н Бранова функција, која во суштина е бран кој егзистира не во ограничениот тридимензионален простор туку во бесконечниот мултидимензионален простор.

Втората причина е т.н Белова корелација, која може да биде експериментално докажана преку мерење на оддалечени квантни системи лансирани од заеднички извор, кои пркосат на досега познатите причинско – последични корелации

Верувам дека поголем број од Вас што ќе го читате овој текст сте слушнале за теоријата на струните, која во целост се базира на квантната физика. Според оваа теорија постојат 11 паралелни универзуми. Но некои истражувања имплицираат и постоење на многу повеќе универзуми, односно дека бројот на паралелни универзуми е еднаков на бројот на можни исходи од некоја акција.

На пример: шутирате на кош при што една можност е да погодите, во друг паралелен универзум промашувате погодувајќи ја десната страна на обрачот, во трет универзум ја погодувате левата страна, во четвртиот го промашувате целиот обрач и така натаму. Значи времето тече по права линија се до моментот на шут.

Откако ќе шутнете, истата таа временска права се дели на многу други прави при што секоја од нив е еден универзум паралелен на нашиот во кој се добива различен исход од акцијата која сте ја презеле, во овој случај шутот на кош.

После раздвојната точка, во случајов моментот на шут, настаните во секој универзум, или ако повеќе сакате реалност се нижат во зависност од исходот. На прв поглед ова изгледа доста конфузно.

 

Сигурно ќе се запрашате: Кој универзум е оној вистинскиот? Кој простор физички го окупирам јас? За да дојдеме до одговорот, во сето ова прво треба да најдеме некоја константа. Во овој случај променливи се и топката и кошот затоа што се предмети кои немаат своја волја ниту свест, а едниствена константа сте самите вие односно вашата душа и свест. Имајќи го ова предвид, можеме да дојдеме до заклучок дека благодарение на нашата душа и свест сме свесни за некоја оредена реалност и средина која не опкружува. Во другите паралелни универзуми се наоѓа истото физичко тело, истата материја но со различна душа и свест па можеби и затоа и исходот се разликува и затоа не сме свесни за нивното постоење.

Да се обидам да објаснам од каде ја извлеков оваа теза. Извршени се голем број на експерименти при што е утврдено дека под одредени надворешни влијанија, електроните околу атомското јадро ги менуваат позициите, т.е преминуваат во други орбитали поблиску или подалеку од јадрото во зависност од влијанието на кое се изложени. Во поново време е утврдено дека електроните не преминуваат туку едноставно исчезнуваат од орбиталата каде се наоѓаат и повторно се појавуваат во друга орбитала. Сеуште не е пронајден одоговор на прашањето зошто е тоа така и каде се наоѓа електронот во тој екстремно краток период од неговото исчезнување до неговото повторно појавување. Во теорија, во тој краток момент на исчезнување , електронот како резултат на изложеноста на надворешното влијание е исфрлен во друг, паралелен универзум.

Појава која заслужува внимание е и  т.н квантно испреплетување.

Појава која заслужува внимание е и т.н квантно испреплетување.

Појава која заслужува внимание е и  т.н квантно испреплетување. Ова е појава при која доколку два атома се наоѓаат доволну блиску, под одредени услови едниот атом ги презема својствата на другиот атом. Денес се исто така извршени голем број екперименти при кои вака испреплетените атоми покажуваат меѓусебна поврзаност дури и кога ќе бидат разделени на големи растојанија. На овој принцип се заснова и квантната телепортација. За да се направи успешна телепортација потребно е да бидат исполнети три основни услови: да постои предмет кој ќе биде телепортиран, појдовна точка и крајна дестинација.

Предмет на телепортација во нашиот случај нека биде еден човек. Знаеме дека човекот е органски збир на електрони и разни честички кои меѓусебно комуницираат со помош на разни хормони кои во суштина се хемиски соединенија излачени од жлездите во човечкиот организам. Хемиските соединенија како такви се составени од молекули, кои  се составени од соодветен број на атоми, кои пак се состојат од електрони кои се држат заедно благодарение на електричните врски, што е веќе  докажан и познат факт и не е ништо ново кога ќе кажеме дека сите дразби во човечкото тело се пренесуваат преку електрични импулси.

Во зависност од дразбите кои ги примиле атомите се наоѓаат во одредена состојба. Ако земеме предвид дека овие атоми се главен составен блок на сите органи, течности и нерви во нашето тело тогаш логичен заклучок би бил дека скенирањето и снимањето на нивната состојба во одреден момент е всушност комплетна слика на нас самите во истиот тој момент. Исто како кога снимате некоја песна на пример. Звуците кои ги слушате во уредот за репродукција се обична низа од бинарни кодови.

Плеерот ги чита и соодветно на нив произведува одредени електрични импулси кои ги испраќа до звучните кутии кои потоа ги преведуваат тие импулси во вибрации. Крајниот резултат е звукот кој го слушаме. Да се вратиме на телепортацијата. На појдовната точка и на крајната дестинација треба да има по еден телепортер со контејнер од милијарди честички (електрони, протони неутрони и сл.) Човекот би влегол во комората на телепортерот на појдовната точка, каде што апаратот со помош на скенирање ќе ја утврди моменталната состојба на сите честички од кои е составено телото на човекот.

Таа сосотојба се снима и информациите се испраќаат до телепортерот кој се наоѓа на крајната дестинација.

Таа сосотојба се снима и информациите се испраќаат до телепортерот кој се наоѓа на крајната дестинација.

 

Таа сосотојба се снима и информациите се испраќаат до телепортерот кој се наоѓа на крајната дестинација. Овој уред ги прима информациите и ги пренесува на честичките кои се наоѓаат во неговиот резервоар. Зависно од информацијата која ќе ја примат, овие честички ја добиваат формата и намената, и се групираат на начин кој ќе овозможи репродукција на објектот чија атомска состојба е снимена од телепортерот на појдовната точка. Кога процесот на телепортација ќе биде комплетиран, објектот кој бил скениран на појдовната точка ќе се претвори во куп пепел и прав, бидејќи како што видовме погоре во текстот и самото набљудување на квантот влијае на неговата физичка состојба.

Во случајов катализатор на уништувањето на овие кванти ќе биде скенерот на телепортерот, бидејќи истиот врши скенирање на состојбата на квантите. Според научниците, ова е начинот на кој теоретски би требало да фунционира телепортацијата. Но сега се поставува едно прашање. Дали телепортерот на крајната дестинација ке го репродуцира истиот човек?

Без сомнение дека според физичкиот изглед тоа би било истото тело но дали ќе биде и истата индивидуа? Под услов да бидат совладани сите технички проблеми околу овој начин на телепортација (развој на соодветен скенер, развој на доволно моќен компјутер кој ќе може да го прими и анализира огромното количество на информации добиено од скенирањето), останува да се утврди дали може физички да биде детектирано постоењето на душата како носител на човечката индивидуалност, со цел да биде снимена состојбата на електроните од кои е истата составена, како би можела потоа да биде репродуцирана. Ова е од екстремно голема важност ако земеме предвид дека свеста и душата се двете нешта кои не одредуваат самите нас во секој универзум подделно.

Од досега напишаното можеме да видиме дека оваа квантна теорија е доста замрсена и тешка за разбирање бидејќи секоја акција предизвикува не една туку неодреден и непредвидлив број на реакции.

Можеби единствен начин да ја разбереме е да ја смениме перспективата на гледање на работите.